ГЛАВНА СТРАНА                 Куклица - Пирамиди кај Тработивиште - Пирамиди кај Луковица - Конопиште - Малови кај Црник               


доц. д-р Ивица Милевски, Институт за географија, ПМФ, Скопје

ЗЕМЈАНИ ПИРАМИДИ КАЈ СЕЛОТО ЛУКОВИЦА


Земјените пирамиди во сливот на Луковичка Река се добро морфолошки изразени. Се наоѓаат на страните од  два големи соседни средишни дола (од вкупно 12), јужно од с. Косевица, на надморска височина од 770 m. По својот изглед, наликуваат на земјените пирамиди кај с. Нов Истевник (“Кукуље”) во сливот на Желевица. Формите се распоредени во низа, на должина од 15-20 m и тоа во главата на доловите, што покажува дека се релативно млади. Самите форми не се меѓусебно јасно раздвоени, туку основите им се поврзани со плиоцени песочници. Нивната височина од подножјето на долот во кој се изградени, изнесува околу 10 m. Постанокот на овие земјени пирамиди е поврзан со регресивната ерозија на доловите во кои се изградени. При тоа, големо значење за нивното формирање има геолошкиот состав, односно смената на песоците во повлатата, моќните чакалести песочници во подината и глините како заштитна капа помеѓу нив. Така, атмосферските врнежи релативно брзо ја еродираат тенката почва и песоците (со моќност од 1 m) во повлатата, додека глините како поотпорни заостануваат и ги штитат песочниците во подината. Самите песочниси, со линиска ерозија се потсекуваат и еродираат во подножјето за време на врнежи. На тој начин постепено се издвојуваат земјени пирамиди со најразличен облик. Деталната анализа на локалноста, покажува дека рецентната ерозија овде брзо напредува, без оглед на пошумувањата правени во 70-тите години. Затоа, со голема сигурност може да се одреди почетокот на создавање на пирамидите, а тоа е пред околу 200-250 години. Всушност, изградувањето на пирамидите активно продолжува и денес.

Забелешка: истражувањата се во тек

 

Создавање на земјени пирамиди во сливот на Луковица

Големиот дол каде се изградуваат земјените пирамиди кај Луковица