ГЛАВНА СТРАНА                 Куклица - Пирамиди кај Тработивиште - Пирамиди кај Луковица - Конопиште - Мелови кај Црник


доц. д-р Ивица Милевски, Институт за географија, ПМФ, Скопје

МЕЛОВИ ИЛИ БЕДЛЕНД ТЕРЕНИ ВО СЛИВОТ НА ЖЕЛЕВИЦА


Во долината на Виничка Река и на неколку други помали локалности, забележани се длабоки ребрести отсеци во неогени седименти. Ваквите големи природни отсеци најчесто со изглед на пресечена инка, локалното население ги нарекува мелови. Настанале со сложени процеси на екцесивна-прекумерна длабинска ерозија при брз регресивен развој на ерозивни долчиња кои градат структури во форма на лепеза. Освен линиската регресивна ерозија, за формирање на меловите големо значење има сурнувањето на поткопаните и нестабилните седиментни маси во “главата” и по страните на долчињата. Кај помладите мелови, основната ребреста структура е сочувана, за разлика од постарите, каде заостанале само мали гребени помеѓу некогашните долчиња. Инаку, настанокот на меловите е инициран од поволните природно-географски услови и уништувањето на природната вегетација од страна на човекот. Во сливот на Желевица се регистрирани вкупно околу 20 мелови, од кои најголеми се оние во долината на Виничка Река. Овде се добива впечаток како меловите да ги загризуваат долинските страни. Особено карактеристичен е средишниот мел со ширина од 300 m и височина од 80 m, додека нешто помал е мелот над с. Нов Истевник (150 m х 50 m). Меловите во сливот на Желевица, на релјефот му даваат изглед на бед-ленд терени. Тоа се простори каде специфичната ерозија има многу високи вредности од над 3.000 m3/km2/год, што е меѓу најерозивните подрачја во нашата држава.

Мелови, бедленд терени кај Црник Мелови кај Црник